← Psalms (79/150) → |
1. | Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претворија во урантини. |
2. | Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни, а телата на Твоите светии - на земните sверови; |
3. | ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе. |
4. | Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас; |
5. | До кога, Господи, ке се разгневуваш постојано, до кога ке гори лутината Твоја како оган? |
6. | Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое, |
7. | зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија. |
8. | Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да не престретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме осиромашени. |
9. | Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави не и очисти не од гревовите наши заради името Твое! |
10. | Зашто незнабожците да велат: "Каде е нивниот Бог?" Барем пред очите наши да ја видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги. |
11. | Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт. |
12. | Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи. |
13. | А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ке Те славиме и од род во род ке разгласуваме за Тебе похвала. |
← Psalms (79/150) → |