← Psalms (78/150) → |
1. | Внимавајте лу е Мои на законот Мој, нека чуе увото ваше што зборува устата Моја. |
2. | Ја отворам устата своја за парабола и ке зборувам за непознатите работи од старо време. |
3. | Се чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши, |
4. | не остана сокриено од нивните деца, зашто на идниот род му се раскажуваше славата на Господа и силата Негова, и чудесата Негови што Он ги изврши. |
5. | Он подигна сведоштво во Јакова и положи закон во Израилот, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои, |
6. | за да знае идниот род, децата, што ке се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца, |
7. | да ги полагаат надежите свои на Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди |
8. | и да не бидат како татковците нивни - род упорен и бунтовен, непостојан по срце и не му остана верен на Бога со духот свој. |
9. | Синовите Ефремови, вооружени, стрелајки со лакови, отстапија во денот на битката: |
10. | тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон. |
11. | Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал, |
12. | чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во Египетската земја, во полето Танеос; |
13. | го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како мев; |
14. | дење ги водеше со облак, а по цела нок - со огнена свтлина; |
15. | разби карпа во пустињата и ги напои како од голема бездна. |
16. | Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки. |
17. | Но ти е продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Ги огорчуваат Севишниот во пустињата: |
18. | го искушуваат Бога со срцето свое, барајки храна за своите души, |
19. | па го нападнаа Бога, велејки "Може ли Бог да приготви трпеза во пустиња?" |
20. | Ете, Он удри во карпата - и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Он да му даде и леб, може ли да му приготви трпеза на Својот народ? |
21. | Поради ова што го чу, Господ ги презре и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јакова и гнев се крена против Израилот, |
22. | затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваат на спасението од Него. |
23. | Он им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата, |
24. | па ги одожди со мана за храна, и им даде леб небесен. |
25. | Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување. |
26. | Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар, |
27. | па ги одожди со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски: |
28. | ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта, |
29. | и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде. |
30. | Но уште не беше милана нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна, |
31. | а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и Израилевите момчиња ги погуби. |
32. | При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови. |
33. | И така им минеа дните нивни во суета и годините нивни во смутови. |
34. | Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обрнуваа и прибегнуваа кон Бога, |
35. | и се секаваа дека Бог е нивни помошник и дека Севишниот Бог е нивни избавител: |
36. | и со устата своја Го мамеа, а со јазикот свој лажеа пред Него; |
37. | но срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов. |
38. | Но Он, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев: |
39. | но Он знаеше дека се тие тело и здив што оди и не се врака. |
40. | Колкупати Го беа загорчувале во пустињата и Го беа разгневувале во безводната земја! |
41. | И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израилев; |
42. | не се секаваа на Неговата рака, ни на денот кога Он ги избави од оној, што ги оскрбуваше; |
43. | кога ги покажа во Египет Своте знаци и во полето Тенеос - Своите чудеса; |
44. | и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат; |
45. | испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги погубуваат; |
46. | житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивни на скакулци; |
47. | лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни - со слана. |
48. | и добитокот нивни го уништи со град, а имотот нивни - со оган; |
49. | го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки - одред зли ангели; |
50. | го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивни го предаде на помор; |
51. | уништи се што беше првородено во Египет, привините од нивниот труд во Храмовите населби. |
52. | Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустињата: |
53. | ги водеше сигурно, и тие не се уплашија; непријателите нивни ги покри морето - |
54. | и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила; |
55. | и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со жреб во нивно наследство, и ги насели Израилевите колена во полињата нивни. |
56. | Но Ти го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови. |
57. | Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак. |
58. | Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа. |
59. | Бог го чу тоа, ги презре и многу го понизи Израилот; |
60. | ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Он ме у лу ето; |
61. | и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот; |
62. | па го предаде Својот народ на меч и го презре Своето наследство. |
63. | Момчињата нивни оган ги голташе, и за девиците нивни немаше брачни песни; |
64. | свештениците нивни па аа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани. |
65. | Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан, |
66. | и го порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам. |
67. | И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефермово, |
68. | туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби. |
69. | И изгради светилиште Свое како небото и како земјата го утврди за секогаш, |
70. | и го избра Давида својот слуга, го зеде од овчите стада, |
71. | и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јакова, и Израилот, наследството Негово. |
72. | И Он ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака. |
← Psalms (78/150) → |