← Psalms (77/150) → |
1. | Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој кон Бога, и Он ме услиши. |
2. | Во денот на тагата моја Го побарав Бога ноке, со издигнати кон Него раце и не се уморив; но душата моја не можеше да се утеши. |
3. | Го спомна Бога и се развеселив, размислував и духот мој стана малодушен. |
4. | Будни се очите мои, се возбудив и не можев да говорам. |
5. | Размислував за првите дни, и се сетив за годините прастари, па се поучив; |
6. | Размислував ноке со срцето свои, а духот мој ме испитуваше; |
7. | зар Господ засекогаш те отфрли и не сака ли повеке да биде благонаклон, или |
8. | засекогаш престанала Неговата милост, и Неговото слово се пресекло од род во род? |
9. | Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ке го затвори Своето милосрдие? |
10. | Па си реков: "Сега знам - десницата на Севишниот се изменила." |
11. | Се сетив за делата на Господа; се сетив за Твоите први чудеса; |
12. | и ке се поучам во сите Твои дела и ке зборувам за постапките Твои. |
13. | Боже, Твојот пат е свет. Кој Бог е толку голем, како нашиот Бог! |
14. | Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја ме у народите; |
15. | Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јакова и на Јосифа. |
16. | Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа. |
17. | Голем шум од води се слушаше, загрме од облаците, зашто стрелите Твои пролетуваа. |
18. | Гласот на Твојот гром се разнесуваше по небото; светкавици ја осветлуваа вселената; земјата трепереше и се тресеше. |
19. | Твојот пат води кон морето, но Твоите патеки во многуте води и Твоите траги не ке се познаваат. |
20. | Ти ги водеше како овци лу ето Твои преку раката на Мојсеја и Арона. |
← Psalms (77/150) → |