← Psalms (76/150) → |
1. | Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израилот. |
2. | Во светото е Неговото место, а Неговото живеалиште - на Сион. |
3. | Таму Он ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната. |
4. | Светлината Твоја е чудесна од вечните гори. |
5. | Се збркаа сите неразумни по срце; заспаа богатите лу е и ништо не најдоа во рацете од богатствата свои. |
6. | Од Твојата закана, Боже Јаковов, задремаа коњаниците. |
7. | Ти си страшен, и кој ке Ти се противстави Тебе? Оттаму е Твојот гнев. |
8. | Од небесата се чу глас дека ке судиш; земјата се уплаши и се смири. |
9. | Кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите кротки по земјата, |
10. | бидејки мислите свои лу ето ке Ти ги исповедаат: а и остатокот од нив ке Те прославува. |
11. | Заветувајте се на Господа, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови, |
12. | Страшниот, Кој ги скротува духовите и кнезовите, пострашен е од земните цареви. |
← Psalms (76/150) → |