← Psalms (74/150) → |
1. | Зошто Боже, не отфрли засекогаш? Зошто гневот Твој се разгоре на овците од Твоето пасиште? |
2. | Сети се на Твојот народ, кого уште од порано го придоби, ги избави со жезалот како наследсто Твое, тоа е гората Сионска, на која си се населил. |
3. | Крени ги рацете Свои против нивната крајна гордост, против сите зла што непријателот ги направи во светилиштето Твое. |
4. | И се пофалија Твоите непријатели среде празникот Твој; поставија свои бојни знаци како знамиња, но не ги познаа. |
5. | зашто горе при влезот многу ги имаше, |
6. | па како во густа горичка со секира ја исекоа нејзината врата, со секира и дрвен чекан одеднаш ја скршија; |
7. | го запалија со оган Твоето Светилиште, го осквернија на земјата местото, на кое името Твое престојува. |
8. | Регоа во срцата свои оние што беа сродни на нив: "Ајде да отстапиме од сите Божји празници на земјата! |
9. | Знаците свои не ги гледаме, нема повеке ни пророк, и за нас нема веке да се знае." |
10. | До кога, Боже, ке се гордее над нас непријателот? Вечно ли противникот ке го дразни името Твое? |
11. | Зошто ја одвракаш раката Своја и десницата Своја во пазувите Свои ја држиш? |
12. | Но Бог е Царот наш уште од пред вековите, Он приготвил спасение среде земјата! |
13. | Боже, со силата Своја Ти си ги утврдил морињата, и ги сотре главите на водните страшила. |
14. | Ти и ја здроби главата на змијата и им ја даде како храна на народот етиопски. |
15. | Ти ги отвори изворите и потоците, ти ги исуши реките итамски. |
16. | Твоје е денот и Твоја е нокта: Ти си ги постави светилата и сонцето; |
17. | Ти ги создаде сите предели на земјата, летото и пролетта Ти ги определи. |
18. | Сети се сепак на ова; непријателот го навреди Господа; лу е безумни го раздразнија Твоето име. |
19. | Не прадавај ја на sверовите душата на оние кои се надеваат на Тебе; не заборавај ги засекогаш душите не сиромасите Твое. |
20. | Погледај на Својот завет, зашто сите мрачни домови по земјата се исполнија со беззаконици; |
21. | Да не се врати посрамен потиснатиот; сиромавиот и бедниот ке го прославуваат Твоето име. |
22. | Стани Боже, по правдата Своја пресуди; сети се како секој ден Те хули безумникот. |
23. | Не заборавај го гласот на оние кои Ти се молат; гордоста на оние што Те мразат постојано се крева против Тебе. |
← Psalms (74/150) → |