Psalms (73/150)  

1. Колку е добар Бог кон Израилот, кон оние што се со чисто срце!
2. А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ке станеа несигурни, -
3. зашто им позавидев на беззакониците, гледајки како мирно живеат грешниците,
4. оти не страдаат се до самата смрт, и цврстина им е во бичот.
5. во човечките работи не учествуваат и невољите на другите лу е нив не ги засегаат.
6. Затоа гордоста владее со нив; се облекле во неправда и нечестие;
7. неправдата им излегува како од сало, и му угодуваат на срцето;
8. се подбиваат и лукаво зборуваат, за неправдата гордо говорат;
9. ја креваат устата кон небото, а јазикот нивни ја обиколува земјата.
10. Затоа народот Мој ке се врати ваму, и своите денови ке ги најде исполнети.
11. И рекоа: "Како дозна Бог, и има ли знаење во Севишниот?"
12. Ете, такви се грешниците и успеваат вечно да го држат богатството.
13. И си реков: зар залудо го држев срцето свое во праведност и во невиност ги измив рацете свои.
14. и се изложував на напријатности секој ден и на срам секое утро?
15. Но ако речев: ке расудувам и јас така, - тогаш ке го изневерев родот на Твоите синови.
16. И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене
17. се додека не влезам во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај.
18. И така, заради подмолноста нивна дозволи да ги снајде зло, и ги понизи кога се возгордееја.
19. Како запустеа, како нејнадејно изчезнаа и загинаа поради своето беззаконие!
20. Како сон кога човек се разбудува, така во градот Твој, Господи, образот нивни уништи го.
21. Зашто срцето мое се разгоре и утробата моја се измени.
22. А јас поразен и не разбрав, како добиче бев пред Тебе.
23. Но Јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја,
24. ме упати со советот Свој и ме прими во Твојата слава.
25. Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо не барам.
26. Изнемоште срцето мое и телото мое; Боже на срцето мое и наследството мое, Боже, довека.
27. Зашто, ете, оние, што се оддалечуваат од Тебе, пропа аат; Ти го истребуваш секого, кој отстапува од Тебе.
28. А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои кај портите на керката Сионова.

  Psalms (73/150)