← Psalms (72/150) → |
1. | Боже, дај му го на царот Својот суд, а на царевиот син - Својата правда, |
2. | за да им суди праведно на Твоите лу е и на сиромасита Твои по правда. |
3. | Горите нека им донесат мир на лу ето, и ритчињата - праведност, |
4. | Он ке им суди на бедните ме у лу ето, и ке ги спаси синовите на сиромасите, а клеветникот ке го понизи. |
5. | И ке живеат, додека постои сонцето и месечината - од род во род. |
6. | И ке слезе како дожд на ливада, како капки што наросуваат земја. |
7. | Во Негово време ке зацари правда, и ке има изобилен мир се додека не се одземе месечината. |
8. | И ке владее од море до море и од реката до краиштата на земјата. |
9. | Пред Него ке паднат ничкум Етиопјаните, и непријателите Негови ке ја лижат прашината; |
10. | царевите на Тарсис и островјаните дарови ке му принесуваат; и царевите на Арабија и од Саба дарови ке му донесуваат. |
11. | И ке Му се поклонуваат сите цареви; ке Му служат сите народи; |
12. | зашто Он ке избави беден од силник и сиримав, кој нема помошник. |
13. | Kе го поштеди бедниот и сиромавиот и ке го спаси животот на сиромасите; |
14. | од лихви и неправди ке ги избави душите нивни, и чесно ке биде името нивно пред Него; |
15. | и Он ке поживее, па ке му даваат арабиско злато; и ке Му се молат непрестајно, секој ден ке Го благословуваат; |
16. | Kе има тврдина на земја, по врвовите на горите; плодот Негов ке се издига над Ливан, а во градовите лу ето ке се размножуваат како тревата по земјата, |
17. | Неговото име нека биде благословувано вечно: уште пред сонцето Неговото име постои; и во Него ке бидат благословени сите земни премиња, а и сите народи ке Го ублажуваат. |
18. | Нека е благословен Господ Бог, Бог Израилев, Кој само Он прави чудеса; |
19. | и нека е благословено Неговото славно име довека, и со славата Негова нека се исполни целата земја! Амин и амин! |
20. | Завршија молитвите на Давида, Јесеевиот син. |
← Psalms (72/150) → |