← Psalms (7/150) → |
1. | Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме; |
2. | Да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргна душата; ке трга, а ке нема кој да спасува. |
3. | Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои; |
4. | ако зло вратив на оние, кои поради правда ме напа аат, тогаш нека отпаднам од непријателите мои; |
5. | нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, и телото мое во прав нека го претвори. |
6. | Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите Твои; стани, Господи, Ти Кој заповедаш. |
7. | И многу народ ке се собере околу Тебе; и Ти издигни се над него високо. |
8. | Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според чистотата моја. |
9. | Да престане злобата на грешниците, а праведникот исправи го, Ти, Боже, кој ги испитуваш срцата и утробите праведно. |
10. | Помош очекувам од Бога, Кој ги спасува оние што се со чисти срца. |
11. | Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден. |
12. | Но ако не се покаете, Он ке го очисти Своето оружје, ке го затегне својот лак и ке го насочи, |
13. | и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува. |
14. | И, ете, кај безбожникот се повеке неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззконие, |
15. | па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи, |
16. | и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и неправдата негова слезе. |
17. | Го прославувам Господа поради правдата Негова и му пеам на Господа Севишниот. |
← Psalms (7/150) → |