← Psalms (69/150) → |
1. | Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја. |
2. | Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи. |
3. | Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, надевајки се на мојот Бог. |
4. | Оние, што ме мразат без вина, се намножија повеке од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, тогаш го давав. |
5. | Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе. |
6. | Да не се посрамат поради мене сите они, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат поради мене оние, кои Те бераат, Боже Израилев, |
7. | зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое. |
8. | Ту станав за браката свои и чуден за синовите на мајка ми моја. |
9. | Бидејки ревноста за Твојот дом ме јаде, и подбивите на оние, што Те хулат, па аат врз мене; |
10. | и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло |
11. | место облека облекувам врека; и со тоа им станав за приказ; |
12. | против мене зборуваат оние што седат пред портите и пијаниците пеат за мене. |
13. | Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; благопријатно е времето, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе; |
14. | изведи ме од калта, за да не потонам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води; |
15. | за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста. |
16. | Услиши, ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме; |
17. | не одвракај го лицето Свое од чедото Твое, зашто сум нажален; услиши ме брзо; |
18. | наклони се кон душата моја и избави ја; поради моите непријатели спаси ме. |
19. | зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: пред тебе се сите што ме оскрбуваат. |
20. | Подбив и срам дочека мојата душа, очекувајки некого во сострадание, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов. |
21. | И ми дадоа жолчка да каснам и кога зажеднев - со оцет ме напоија. |
22. | Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето - стапица; |
23. | да ми се помрачат очите, та да не гледам, и бедрата нивни ослаби ги засекогаш; |
24. | излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе; |
25. | домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив; |
26. | зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои. |
27. | Притури беззаконие врз беззаконието нивно, за да не влезат во Твојата правда. |
28. | Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани ме у праведните. |
29. | Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од тебе, Боже, спасението за мене! |
30. | Kе го славам името на мојот Бог со песна, ке го возвеличувам во славословија, |
31. | и тоа ке Му биде поугодно на Господа, отколку теле или јунец со рогови и со копита. |
32. | Нека го видат тоа оние што страдаат и нека се зарадуваат. Побарајте Го Бога за да ви оживи душата ваша, |
33. | зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои. |
34. | Нека Го пофалат небесата и земјата, морето и се што живее во него; |
35. | зашто Бог ке го спаси Сион, ке се изградат градови во Јудеја, и таму ке ги наследат; |
36. | и потомството на слугите Твои ке се весели во него. |
← Psalms (69/150) → |