← Psalms (68/150) → |
1. | Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови; да бегаат од лицето Негово оние, што Го мразат. |
2. | Како што домот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо. |
3. | А праведниците да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и ке Го прославуваат во радоста. |
4. | Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него. Kе се смутат од Неговото лице, |
5. | Татко на сираците и судија на вдовиците; Он е Бог во Своето свето место. |
6. | Бог им дава домови на осамените, ги ослободува од окови затворениците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустиња. |
7. | Боже, кога Ти излегуваше пред Твојот народ, кога одеше по пустињата, |
8. | земјата се тресеше и небесата даваа дожд од лицето Божјо, и Синај - од лицето на Бога, на Бога Израилев. |
9. | Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изнемоштуваше од труд, Ти го поткрепуваше. |
10. | Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти си ја спремил за сиромасите. |
11. | Гопсод ке им даде збор на гласниците со голема сила. |
12. | Царот на војските е омилен и во убавината на Својот дом дели плен. |
13. | Ако заспиете во пределите ваши, ке станете како гулаби со сребрени криља, со перја - од чисто злато. |
14. | Кога небесниот Цар ги разбиваше царевите, снег па аше на Селмон. |
15. | Гората Божја е гора богата, гора цврста, богата; |
16. | зошто вие, гори високи, завидливо ја гледате гората, на која Бог благоволи да ждивее? |
17. | Божјите коли се безброј - на иљада иљади; ме у нив е Господ на Синај, во Светилиштето. |
18. | Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови за лу ето, така и од непокорните да можат да живеат таму. |
19. | Нека е благословен Бог од ден во ден, ке го помогне нашето спасение. |
20. | Нашиот Бог е Бог Кој спасува; во власта на Господа е вратата на смртта. |
21. | Но Бог ке им ги скриши главите на непријателите Свои и косестото теме на оние што остануваат во своите гревови. |
22. | Господ рече: од Васан ке ги вратам, ке ги извлечам од морските длабочини, |
23. | за да ти се натопи ногата твоја во крвта на непријателите и јазикот на твоите кучиња. |
24. | Го видов Твоето величествено доа ање, Боже, доа ањето на мојот Бог и Цар во Светилиштето: |
25. | напред одеа кнезовите, близу до пеачите, а во средината - девици со тимпани: |
26. | "Во собранијата благословувајте го Бога, Господа, вие, што сте од семето Израилево!" |
27. | Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини - нивни владетели, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефталимови. |
28. | Заповедај, Боже, со силата Твоја, зацврсти го, Боже, тоа што ни го направи нам! |
29. | Од Твојот храм во Ерусалим; царевите ке Ти принесуваат жртви. |
30. | Скроти ги sверовите во мочуриштата, воловите со телињата на народите, да не бидат исклучени од искушувањето со сребро; растури ги народите кои сакаат војна. |
31. | Kе дојдат молитвеници од Египет; Етиопија порано ке ја подаде раката кон Бога. |
32. | Цареви земни, појте Му на Бога, воспојте Му на Бога, на Господа, |
33. | Кој се возвисил на небо, на небесата на Исток. И, ете, Он на гласот Свој ке му даде сила. |
34. | Подајте Му слава на Бога! Над Израилот е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците. |
35. | Чудесетн си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израилев - Он ке му даде сила и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог! |
← Psalms (68/150) → |