← Psalms (66/150) → |
1. | Воскликни Му на Бога, земјо цела! |
2. | Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала! |
3. | Кажете Му на Бога: колку се страшни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ке Ти се покоруваат непријателите Твои. |
4. | Целата земја нека Ти се покорува и да Ти пее, да Му пее на Твоето име, Севишни. |
5. | Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во одлуките Свои за синовите човечки. |
6. | Он го претвори морето во суво; преку река минува со ногата; таму се зарадувавме поради Него. |
7. | Со Својата мок Он владее вечно; Неговите очи гледаат на народите, за да не се кренат бунтовниците. |
8. | Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно. |
9. | Он и даде живот на душата моја и не дозволи да потклекнат нозете мои; |
10. | Ти не испита, Боже, со оган не очисти, како што среброто со оган се пречистува. |
11. | Ти не воведе при мака, нанесе маки на нашите племиња. |
12. | Допушти лу ето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но не изведе да здивнеме. |
13. | Kе влезам во Твојот дом со сепаленица, ке Ти ги исполнам моите завети, |
14. | што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во невоља. |
15. | Мрсни сепаленици ке Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ке Ти принесам Тебе и волови и кози. |
16. | Дојдете и чујте вие сите кои се боите од Бога и ке ви раскажам се што направи Он за душата моја. |
17. | Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој. |
18. | Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши. |
19. | Затоа ме услиши Господ, го чу гласот на молењето мое. |
20. | Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја! |
← Psalms (66/150) → |