← Psalms (65/150) → |
1. | Тебе, Боже, Ти припа а похвалата на Сион, и Тебе ке Ти се исполни заветот во Ерусалим. |
2. | Услиши ја молитвата моја; кон Тебе ке прибегне секој човек. |
3. | Од зборовите на беззакониците, кои надвладуваат над нас и од нашите гревови, очисти не. |
4. | Блажен е оној, кого Ти си го избрал и примил; он ке живее во Твоите дворови; ке се исполни со добрини од Твојот дом; а Твојот дом е свет, и чудесен е во праведноста. |
5. | Чуј не, Боже, Спасителе наш, надеж на сите земни краишта и на оние што се далку преку морето. |
6. | Ти, Кој горите си ги поставил со силата Своја и со мок си се препашал, |
7. | Ти Кој ја раздвижуваш морската длабочина и шумот што го прават брановите. Kе поштукнат народите. |
8. | И ке се уплашат сите оние што живеат во краиштата од чудесата Твои: ке создадеш радост каде што утрото се ра а и вечерта зао а. |
9. | Ти ја посетуваш земјата, ја напојуваш, ја збогатуваш: потокот Божји е полн со вода; си им приготвил храна, бидејки тука си ја устроил. |
10. | Ги напојуваш браздите нејзини, и ги умножуваш житата нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да ра а плодови; |
11. | ја овенчуваш годината со Твојата добрина и полињата Твои полни се со згоен добиток. |
12. | Се појавуваат пасишта по пустињите и ритчињата се исполнуваат со радост; |
13. | Трлата се умножуваат со стада, а долините се китат со плодови: воскликнуваат и пеат. |
← Psalms (65/150) → |