← Psalms (64/150) → |
1. | Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува. |
2. | Ти ме заштити од лукавите, од многуте злочинци. |
3. | Кои ги наострија јазаците свои како меч, го затегнаа лакот свој - па исфрлаат ранливи зборови, |
4. | за да стрелаат скришно на непорочниот; тие стрелаат ненадејно врз него и нема да се уплашат. |
5. | Тие цврсто се договорија за зло; се договорија како да ја прикријат замката, па си рекоа: кој ке го види? |
6. | Па бараа неправда, вршеа испитување, но испитувањ3 дури до внатрешнината на човекот, но длабоко е срцето. |
7. | Но Бог ке се прослави: нивните стрели не полетаа. |
8. | И јазиците нивни папсаа на нив. А сите кои ги видоа, се зачудија. |
9. | И секој човек се уплаши. Се објавија делата Божји и ги разбраа созданијата негови. |
10. | А праведникот ке се развесели во Господа и ке се надева на Него; и ке бидат пофалени сите кои се праведни по срце. |
← Psalms (64/150) → |