← Psalms (63/150) → |
1. | Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна? |
2. | И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава. |
3. | Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ке Те фали. |
4. | Така ке Те благословувам во животот мој, и во Твое име ке ги кревам рацете мои. |
5. | Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ке те фали устата моја. |
6. | Кога ке се сетам за Тебе во постелата моја, во утринските часови за Тебе размислувам, |
7. | зашто Ти си ми помошник и во сенката на Твојата закрила ке воскликнувам. |
8. | Кон Тебе се приближи душата моја, твојата десница ме поддржува. |
9. | А оние кои залудно го побараа мојот живот, ке слезат во пеколот! |
10. | Kе бидат поразени со силата на мечот; ке станат плен на лисиците. |
11. | А царот ке се зарадува во Бога, и секој ке се фали, кој во Него се колне, бидејки ке им се затне устата на оние што говорат неправда. |
← Psalms (63/150) → |