← Psalms (62/150) → |
1. | Па, зар во Бога не се успокојува душата моја? Та од Него е моето спасение. |
2. | Зашто Он е Бог мој, и мој Спасител. Застапник мој: нема повеке да се поколебам. |
3. | До кога ке притискаат врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет sид и накривена ограда. |
4. | намисливте да го отфрлите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. |
5. | А ти, душо моја, само по Бога оди, зашто на Него трпеливо се надевам. |
6. | Он е Бог мој и Спасител мој: застапник мој и нема веке да се колебам. |
7. | Во Бога е моето спасение и мојата слава; Он е Бог Кој ми помага и надежта моја е во Бога. |
8. | Надевајте се на Него сите лу е, отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашиот помошник. |
9. | Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лажливци; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив. |
10. | Не се надевајте на неправда и не посакувајте отимање; кога богатството расте, не го приврзувајте срцето кон него. |
11. | Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа, дека силата е во Бога, |
12. | дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти ке му дадеш на секого според делата негови. |
← Psalms (62/150) → |