← Psalms (61/150) → |
1. | Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја. |
2. | Кон Тебе повикав од крајот на земјата, кога срцето ми папса. Kе ме издигнеш на карма и мир ке ми дадеш. |
3. | Ме упати, зашто Ти беше моја надеж, крепосен заклон од непријателот. |
4. | Kе се населам вечно во Твоето живеалиште и ке се засолнам под покривот на Твојата закрила. |
5. | зашто Ти, Боже, ги чу моите молитви и им даде населедство на оние, кои се бојат од Твоето име. |
6. | Додај му уште денови кон деновите царски и продолжи му ги годините од род во род, |
7. | за да биде твој вечно пред Бога; милост и вистина сака тој. |
8. | И така, со песна ке го воспевам Твоето име и ке ги извршувам своите завети од ден во ден. |
← Psalms (61/150) → |