← Psalms (60/150) → |
1. | Боже, Ти не отфрли и не растури, се разгневи, но сепак се смилува на нас. |
2. | Ја потресе земјата и ја залула; стегни ги пукнатините нејзини, зашто таа се ниша. |
3. | Ти му покажа на Твојот народ жестокот и не напои со заносно вино. |
4. | На оние, што се бојат од Тебе, им даде знак за да побегнат од убојник лак. |
5. | За да се избават Твоите возљубени, спаси ме со Твојата десница и услиши ме. |
6. | Рече Бог во Своето Светилиште: "Kе се зарадувам, ке го разделам Сихем и ке ја премерам долината на Сокхот заради поделба. |
7. | Мој е Галад, и Мој е Манасија, и Ефрем е крепост на главата Моја, и Јуда е цар Мој. |
8. | Со Моав се мие Мојата надеж, на Идумеја ке и го подадам обувките Свои, а над Филистејците ке славам победа." |
9. | Кој ке ме воведе во урепениот град? Кој ке ме доведе до Идумеја? |
10. | Зар не Ти, Боже, Кој не отфрли? И нема веке да излегуваш, Боже, со нашите војски? |
11. | Помогни ни во маката, зашто од човекот нема спасение. |
12. | Со Бога ке бидеме силни, Он ке ги уништи нашите мачители. |
← Psalms (60/150) → |