← Psalms (6/150) → |
1. | Господи, не ме карај во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој. |
2. | Смилуј се на мене, Господи, оти сум немокен; исцели ме, Господи, бидејки коските мои се потресени; |
3. | и душата моја е возбудена. А Ти, Господи до кога? |
4. | Обрни се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја, |
5. | бидејки мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ке Те слави Тебе? |
6. | Се уморив воздивнувајки; секоја нок го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја. |
7. | Од скрб ми се помрачи окото мое, остарев поради сите мои непријатели. |
8. | Отстапете од мене вие сите, кои вршите неправда, оти Господ го чу гласот на мојот плач. |
9. | Господ ја чу молбата моја, Господ ке ја прими молитвата моја. |
10. | Нека се посрамат и уплашат сите мои непријатели; да се повратат и веднаш да се засрамат. |
← Psalms (6/150) → |