← Psalms (59/150) → |
1. | Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене! |
2. | Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците; |
3. | зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напа аат силните беа престап мој и без грев мој, Господи. |
4. | Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај. |
5. | Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и посети ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие. |
6. | Навечер тие се вракаат, вијат како кучиња и одат околу градот. |
7. | И, ете, хулат со јазикот свој; во устата имаат меч, "зашто, - си велат тие, - кој ке чуе?" |
8. | Но Ти, Господи, ке ги исмееш; Ти ке ги посрамиш сите народи. |
9. | Силата моја во Тебе ја чувам, зашто си Ти, Боже, мој застапник. |
10. | Мојот Бог, Кој ме милува, иде пред мене; Бог мој, Кој ми ги покажува моите непријатели. |
11. | Не убивај ги, за да не го заборават мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче мој. |
12. | За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејки само клетви и лаги кажуваат. |
13. | Во крајниот гнев, и нема веке да ги има; за да увидат, дека Бог управува над Јакова и до краиштата на земјата. |
14. | Навракаат секоја вечер, гладуваат како кучиња, и одат околу градот; |
15. | Тие се радуваат кога бараат храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноките ‘ржејки. |
16. | Јас, пак, со песна ке ја славам Твојата сила и од рани зори ке се зарадувам со Твојата милост, бидејки Ти ми беше застапник мој и прибежиште во денот на мојата несрека. |
17. | Помошник мој си Ти, Тебе Ти пеам, зашто Ти си застапник мој, Боже мој, милост моја. |
← Psalms (59/150) → |