Psalms (58/150)  

1. Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови?
2. Во срцето све кроите беззаконие на земјата, вашите раце плетат неправда на земјата.
3. Се оту ија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејки лага.
4. Јароста им е како змијски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои,
5. и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето.
6. Бог неке им ги скриши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски!
7. Нека се разлијат како вода што истечува; ке го растегнеш својот лак, додека не малаксаат.
8. Како восок што се топи да се растопат, оган нека падне над нив, та сонце да не видат никогаш.
9. Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње.
10. Kе се зарадува праведникот, кога ке ја види одмаздата на безбожниците; ке ги измие рацете свои во крвта на грешникот.
11. И ке рече човекот: навистина има плод за праведникот! Навистина има Бог, Кој суди на земјата!

  Psalms (58/150)