← Psalms (57/150) → |
1. | Смилуј се, Боже, на мене. Смилуј се, зашто на Тебе се надева душата моја, и во сенката на криљата Твои ке ја положам надежта моја додека не минат беззаконијата. |
2. | Kе повикам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро. |
3. | Он ке прати од небото и ке ме спаси; ке ги посрами оние, кои ме презираат. Kе ја испрати Бог Својата милост и Својата вистина. |
4. | И нека ја избеви душата моја од лавови; лежам смутен ме у синовите човечки; та нивни заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч. |
5. | Возвиси се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава! |
6. | Тие подготвија стапица за нозете мои; и се обидоа да ја измамат душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа. |
7. | Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ке пеам и ке свирам. |
8. | Разбуди се, славо моја, разбуди се псалтиру и гусле! Јас ке станам рано. |
9. | Kе Те славам, Господи, ме у народите, ке Те воспеам ме у племињата, |
10. | зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и дури до облаците - Твојата вистина. |
11. | Вознеси се, Боже на небесата и по целата земја нека биде Твојата слава! |
← Psalms (57/150) → |