← Psalms (56/150) → |
1. | Смилуј се Боже, на мене, зашто човек сака да ме голтне; напа ајки секој ден, ме притиска. |
2. | Моите непријатели по цел ден ме газат, зашто мнозина се оние, кои ме напа аат со гордост. |
3. | Кога страв ке ме спопадне дење, на Тебе се надевам. |
4. | Во Бога ке ги фалам зборовите свои; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек? |
5. | Секој ден ги извртуваат зборовите мои; сите нивни мисли упатени против мене се зло. |
6. | Се собираат и се кријат, ги набљудуваат петите мои, упорно работат против мојот живот. |
7. | Нема за што да ги спасуваш, Боже, Со гнев Боже, собери ги народите. |
8. | Боже, Ти го знаеш животот мој, солзите мои Си ги ставил пред себе - како во заветот Твој. |
9. | Непријателите мои ке се вратат назад, секогаш кога Те призовувам; по тоа знам дека Ти си Бог мој. |
10. | Со Бога се фалам за Неговото слово. Со Господа се фалам за зборот Негов. |
11. | На Бога се надевам, не се плашам; што може да ми направи човекот? |
12. | Во мене се, Боже, благодарствените молитви мои кон Тебе, кои ке Ти ги упатам. |
13. | Зашто Ти ја избави душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да благоугодам пред Бога во светлината на живите. |
← Psalms (56/150) → |