← Psalms (55/150) → |
1. | Прими ја Боже, молитвата моја и не презирај го моето молење; |
2. | погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја |
3. | и збунет сум од гласот на напријателите, од притисокот на грешниците, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев непријателствуваат против мене. |
4. | Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна; |
5. | страв и трепет ме сполетаа, и темнина ме покри. |
6. | И јас реков: "Кој ке ми даде криља гулабови, па да одлетам и се успокојам." |
7. | Далеку би отишол и би се сместил во пустињата; |
8. | се надевав на Оној Кој ме спасува од малодушноста и од бурата. |
9. | Потопи ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот. |
10. | Дење и ноке обиколуваат покрај sидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има; |
11. | а не оскудеваше ни измама и лукавство по улиците негови. |
12. | Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ке се сокриев; |
13. | но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, водач мој и пријател мој, |
14. | со кого сме јале леб заедно и сме оделе заедно во Божји дом! |
15. | Смртта дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто лукавство има среде нив, во живеалиштата нивни. |
16. | Јас, пак, Бога ке го повикам, и Господ ке ме услиши. |
17. | Навечер и наутро, и напладне ке молам и ке викам, и Он ке го чуе гласот мој, |
18. | ке ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што беа против мене, |
19. | Бог ке ме чуе и ке ги понизи; Оној, Кој вечно живее, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога. |
20. | Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет. |
21. | Се растурија од гневот на лицето Негово, а во срцето им е непријателство; зборовите им станаа како елеј, но тие се стрели. |
22. | Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ке те поткрепи. Не дозволувај праведниот човек да пострада. |
23. | Ти, Боже, ке ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и лукавите лу е да не поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, Господи, на Тебе се надевам! |
← Psalms (55/150) → |