← Psalms (53/150) → |
1. | Рече безумникот во срцето свое: "нема Бог." Станаа развратни лу ето и гнасни во беззаконијата; нема кој да прави добро. |
2. | Бог со внимание погледна од небесата кон синовите човечки, за да види, има ли некој што е разумен или да Го бара Бога. |
3. | Сите тргнаа по лош пат, станаа еднакво расипани; нема кој да прави добро, нема ниеден. |
4. | Зар нема да се вразумат оние, што вршат беззаконие. Оние што го јадат народот Мој, како што го јадат лебот, но Бога не Го повикуваат. |
5. | Kе се уплашат тие од страв, и таму каде што страв нема, зашто Господ ке им ги растури коските на оние, што си угодуваат еден на друг. И тие ке се посрамат, зашто Бог ке ги понизи. |
6. | Кој ке му даде спасение на Израилот од Сион? Кога Бог ке ги врати заробените од народот Свој, тогаш ке се зарадува Јаков и ке се развесели Израилот. |
← Psalms (53/150) → |