← Psalms (52/150) → |
1. | Зошто, се фалиш, силнику, со злоба? Беззаконија вршиш по цел ден. |
2. | Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е - и веке си смислил измама. |
3. | Ти повеке ја засака злобата отколку доброто, неправдата, отколку да говориш правда; |
4. | ти, лукав јазику, засака секакви погубни зборови. |
5. | Поради тоа Бог, до крај ке те уништи, ке те истргне и ке те пресели од живеалиштето твое, и коренот твој - од земјата на живите. |
6. | Kе видат праведните, ке се уплашат и ке му се подсмеваат, па ке речат: |
7. | ете човек, кој не ја полагаше силата своја во надеж на Бога, а се надеваше на големото богатство свое, и кој се осили во лесномисленоста своја. |
8. | А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милоста Божја во сите векови. |
9. | Вечно ке Те славам за она што го направи, и ке се надевам на името Твое, зашто тоа е благо пред светиите Твои. |
← Psalms (52/150) → |