← Psalms (51/150) → |
1. | Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. |
2. | Многупати ме изми од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, |
3. | зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене. |
4. | Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ке пресудуваш и да победиш кога ке судиш. |
5. | Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. |
6. | Но, Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја. |
7. | Пороси ме со исоп, и ке бидам чист; измиј ме и ке бидам побел од снег. |
8. | Дај ми да чујам радост и веселба, и ке се зарадуваат коските мои ослабнати. |
9. | Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. |
10. | Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене. |
11. | Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене. |
12. | Врати ми ја радоста, спасувајк ме и со Својот мокен Дух зацврсти ме. |
13. | Беззакониците ке ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ке се обрнуваат. |
14. | Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ке се зарадува на Твојата правда. |
15. | Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ке ја објави похвалата Твоја; |
16. | оти, да сакаше жртва, јас ке Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш. |
17. | Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, боже, не отфрлуваш. |
18. | Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги sидовите ерусалимски. |
19. | Тогаш ке Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ке принесуваат телци. |
← Psalms (51/150) → |