← Psalms (50/150) → |
1. | Бог над боговите, Господ, говори и ја повикува земјата од сончевиот изгрев до запад. |
2. | Од Сион, кој е врв на убавината, ке се појави Бог; |
3. | иде нашиот Бог, и ке прозбори; пред Него оган ке се разгори, околу Него бура. |
4. | Одозгора Он ке ги повика небото и земјата, за да му суди на Својот народ: |
5. | Соберете ги при Него светиите Негови, кои се заветуваа како жртва за Него. |
6. | И небесата ке ја огласат Неговата правда, зашто Бог е судија. |
7. | Чуј, народе Мој, и Јас ке ти говорам, Израиле, ке сведочам против тебе: Јас сум Бог, Твој Бог. |
8. | нема да те прекорувам поради твоите жртви; твоите сепаленици секогаш се пред Мене; |
9. | нема потреба да примам телци од твојот дом, ниту козли од стадата твои, |
10. | зашто Мои се сите горски sверови и добитокот по горите и говедата. |
11. | Ги познавам сите птици небески, и убавината на полињата е пред Мене, |
12. | ако огладнам, нема да ти кажам тебе, зашто Моја е вселената и се, што ја исполнува. |
13. | Зар Јас да јадам јунешко месо и да пијам крв јарешка? |
14. | Принеси Му на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои упатувај Му ги; |
15. | и повикај Ме во тежок ден; Јас ке те избавам, и ти ке Ме прославиш. |
16. | А за грешникот Бог рече: "Зошто ги кажуваш Моите наредби и со уста го примаш Мојот завет?" |
17. | А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб го фрлаш зборовите Мои? |
18. | Кога ке видеше крадец, се зближуваше со него и со прељубници се дружеше; |
19. | устата твоја е полна со злоба, и јазикот твој лукавство плете; |
20. | седиш и го клеветиш братот свој, и против синот на својата мајка се соблазнуваш. |
21. | Ти го изврши тоа, а јас молчев; ти си помисли дека Јас сум, каков што си ти. Kе те изобличам и ке ти ги изнесам пред лицето твое гревовите твои. |
22. | Разберете го ова вие, кои го заборавате Бога, за да не ве грабне, па тогаш ке нема избавител. |
23. | Кој принесува жртва благодарствена, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ке му го соопштам Божјото спасение. |
← Psalms (50/150) → |