← Psalms (5/150) → |
1. | Чуј ги, Господи, зборовите мои, разбери ги поплаките мои. |
2. | Чуј го гласот на моето молење, Цару мој и Боже Мој! |
3. | Наутро чуј го гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и во Тебе гледам. |
4. | Оти ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место при тебе: |
5. | безбожниците нема да излезат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда. |
6. | Ти ке ги уништиш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси. |
7. | А јас, пак, според Твојата голема милост, ке влезам во Твојот храм со страв пред Тебе. |
8. | Господи, упатувај ме во Твојата правда, поради непријателите мои патот Твој пред мене порамни го. |
9. | Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е оторен гроб; на јазикот, пак, дволичност. |
10. | Казни ги, Боже, нека пропаднат тие и мислите нивни; поради многуте нечестни работи отфрли ги, бидејки Те огорчија Тебе. |
11. | Па нека се зарадуваат сите, кои се надеваат на Тебе: вечно да се радуваат оние што Ти ги закрилуваш; и да се радуваат со Тебе оние, што го сакаат името Твое. |
12. | Оти Ти, Господи, го благословуваш пераведникот и со оружјето на милоста Своја го закрилуваш. |
← Psalms (5/150) → |