← Psalms (49/150) → |
1. | Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по вселената, |
2. | земнородни и синови човечки, како богатите така и сиромасите. |
3. | Устата моја ке кажува мудрост, и мислата на срцето мое - поука. |
4. | Kе го наклонам увото свое кон раскажувањето: со гусла ке ја отркијам гатанката моја. |
5. | Зошто да се плашам во тешки денови, кога беззаконието на моите патишта ке ме опколи? |
6. | Вие, што се надевате на силите свои и се фалите со големото богатство свое, чујте: |
7. | Братот не може да се искупи; а може ли човекот да се откупи? На Бога нема да му даде откуп за него, |
8. | ниту цена за откуп на душата своја. |
9. | Некој и ке се намачи долго, ке живее до крајот и пак ке пропадне, кога ке види дека и мурдите умираат. |
10. | Неразумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други. |
11. | Тие си мислат, дека горбовите нивни се вечни, живеалиштата од род во род, така што земјите нивни ги носат имињата нивни. |
12. | И човек со почест ова не го разбира; па заприлегува на животните, со кое се поистоветува. |
13. | Тој нивни пат е нивна соблазна, иако потоа со својата уста убаво ке зборуваат. |
14. | Тие се како овци затворени во пеколот, смртта им е пастир, и изутрина праведните ке господарат над нив; но силата нивна ке се истроши во пеколот од славата нивна. |
15. | Но Бог ке ја спаси душата моја од раката на пеколот, кога ке ме прими. |
16. | Не плаши се кога човек богатее, кога славата на домот негов расте; |
17. | зашто, умирајки, ништо нема да земе, ниту, пак, славата негова ке појде по него; |
18. | макар што при животот негов душата негова ја ублажуваат, а тебе те фалат кога си угодуваш; |
19. | ке отиде дури во родот на своите татковци, нема никогаш да види светлина. |
20. | Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните. |
← Psalms (49/150) → |