← Psalms (48/150) → |
1. | Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора. |
2. | Прекрасна возвишеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната страна нејзина е градот на големиот Цар. |
3. | Бог, Кој е во Својот дворец, знаеме дека е заштитник. |
4. | Зашто, ете, се собраа царевите земни и сите дојдоа заедно, |
5. | па, откако видоа, се восхитија, се збунија и се поколебаа: |
6. | страв ги опфати таму, па се мачеа како жена родилка; |
7. | и со силен ветар ги разби тарсиските кораби. |
8. | Како што чувме, така и видовме во градот на Господа на силите, во градот на нашиот Бог: Бог го основа за довека. |
9. | Ја примивме, Боже, милоста Твоја среде храмот Твој. |
10. | Според името Твое, Боже, е и Твојата похвала до краиштата на земјата: Твојата десница е полна со правда. |
11. | Нека се весели гората Сион, и да се радуваат јудејските керки заради Твоите судови, Господи. |
12. | Одете околу Сион и обиколете го, прикажувајте во кулите негови. |
13. | Положете ги срцата свои во неговата мок; разгледајте ги неговите дворци, за да му раскажете на идниот род. |
14. | Зашто овој Бог е наш Бог во сите векови: Он ке ни биде пастир вечен. |
← Psalms (48/150) → |