← Psalms (46/150) → |
1. | Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој е во мака ке се најде. |
2. | Затоа нема да се уплашам, па макар и земјата да се разниша, и горите да се преместат во срцето морско. |
3. | Збучеа и се креваа водите нивни, се затесоа горите од жестината нивна. |
4. | Речните потоци го веселат Божјиот град, Севишниот го осветли живеалиштето Свое. |
5. | Бог е среде него; тоа нема да се разниша: Бог ке му помогне уште пред зори. |
6. | Се збунија народите; се потресоа царствата; Севишниот го пушти Својот глас, и земјата се затресе. |
7. | Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник. |
8. | Дојдете и видете ги делата Божји - чудесата што ги направи Он на земјата. |
9. | Прекратувајки ги војните до крајот на земјата, ке го скрши лакот и ке го здроби оружјето, и штитовите големи со оган ке ги изгори. |
10. | Застанете и разберете дека Јас сум Бог; ке се издигам над народите и ке се превознесувам над земјата. |
11. | Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник. |
← Psalms (46/150) → |