← Psalms (45/150) → |
1. | Од срцето мое се излива благ збор; му зборувам на Царот за делата мои; јазикот ми е како трска на брзописец. |
2. | Ти си најпрекрасниот ме у синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благословил довека. |
3. | Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и убавина! |
4. | И така украсен, поитај и царствувај заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ке покаже чудесни дела. |
5. | Изострени се Твоите стрели, о јунаку, народите ке паднат пред Тебе, - тие ке се забодат во срцата на царските непријатели. |
6. | Твојот престол, Боже, е вечен: жезлото на правдата е жезло на Твоето царство. |
7. | Ти ја засака правдата и го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста повеке од Твоите соучесници. |
8. | Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од тешка слонова коска, во што нао аш радост. |
9. | Царски керки се во Твојата почесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно во облека украсена и со злато проткаена. |
10. | Чуј, керко, види, приклони го увото свое и заборави го твојот народ и домот на таткото твој. |
11. | Зашто Царот ја посака твојата убавина, оти Он е твој Господар и приклони Му се тогаш ти. |
12. | И керката тирска ке Му се поклони со подароци и најбогатите ме у народот ке те замолат. |
13. | Сета слава на царската керка е внатре: нејзината облека е везена со злато; |
14. | во везена облека ке ја доведуваат кај Царот; по неа водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе, |
15. | ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец. |
16. | Место твоите татковци, овде ке бидат твоите синови; Ти ке ги поставиш за кнезови по целата земја. |
17. | Kе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ке Те слават од век до век. |
← Psalms (45/150) → |