← Psalms (44/150) → |
1. | Боже, со ушите наши чувме, а татковците наши ни раскажуваа за делото што си го направил во нивните дни, во деновите древни. |
2. | Ти со Твојата рака си истребил народи, а нив си ги населил; си поразил лу е и си ги изгонил; |
3. | бидејки тие не со меч ја придобија земјата, и нивните мишки не ги спасиле, туку Твојата десница и Твојата мишка и светлината на Твоето лице, зашто Ти беа по воља. |
4. | Боже, само Ти си цар мој и Бог мој, Кој му извојува победа на Јакова. |
5. | Со Тебе, како со рогови, ке ги избодеме нашите непријатели, и со Твоето име ке ги уништиме оние, што востануваат против нас; |
6. | зашто јас нема да се надевам на мојот лак и мечот мој нема да ме спаси; |
7. | туку Ти ке не спасиш од непријателите наши и ке ги посрамиш оние што не мразат. |
8. | Со Бога ке се фалиме секој ден и Твоето име вечно ке го прославуваме. |
9. | Но сега Ти не отфрли и не посрами, па не излегуваш, Боже, со нашите војски; |
10. | не сврти во бегство пред непријателите наши, и оние, што не мразат, не ограбуваа. |
11. | Не предаде како овци да не изедат и не растури ме у незнабошците. |
12. | Ефтино го продаде народот Свој и со тоа не ја крена цената негова; |
13. | не предаде за презир кај соседите наши, за потсмев и хулење на оние, кои живеат околу нас;ф |
14. | не направи за приказ ме у незнабошците, и мнозина ја вртат главата. |
15. | Секој дена срамот мој е пред мене, и црвенило го покрива лицето мое, |
16. | од гласот на оној што се потсмева и од клеветникот, од непријателите и одмаздниците. |
17. | Сето тоа не снајде нас, но ние не Те заборавивме, Тебе и не го нарушивме Заветот Твој. |
18. | И не отстапи срцето наше, и стапките наши не се отклонија од Твојот пат. |
19. | зашто не порази во местото, каде што бевме озлобени и не покри со смртна сенка. |
20. | Ако го бевме заборавиле името на нашиот Бог и да ги бевме протегнале рацете наши кон ту бог, |
21. | зар Бог тогаш немаше да испита за тоа? Зашто Он ги знае тајните на срцата. |
22. | Заради Тебе умираме секој ден, не сметаат како овци определени за клање. |
23. | Рабуди се, зошто спиеш, Господи! Разбуди се, и не отфрлај не засекогаш! |
24. | Зошто го одвракаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и невољата наша? |
25. | Бидејки душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепила на земјата, |
26. | стани, Господи, и помогни ни, избави не поради името Твое. |
← Psalms (44/150) → |