← Psalms (43/150) → |
1. | Пресуди ми, Боже, и расправи ја тужбата моја против народот кој не е свет. Избави ме од неправеден и лукав човек. |
2. | Бидејки Ти си крепост моја, Боже, зошто си ме отфрлил? И зошто одам така нажален додека непријателот ме мачи? |
3. | Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина да ме водат и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште. |
4. | И ке пристапам до Божјиот жртвеник, до Бога, Кој ја радува мојата младост. На цитра ке Те славам, Боже, Боже мој! |
5. | Зошто тагуваш душо моја, и зошто ме вознемируваш! Наведај се на Бога, бидејки пак ке Го исповедам Него, Спасителот и мојот Бог. |
← Psalms (43/150) → |