← Psalms (42/150) → |
1. | Како што кошутата жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! |
2. | Душата моја жедува за силниот и живиот Бог: кога ке дојдам и ке се јавам пред лицето Божјо? |
3. | Солзите мои беа леб за мене и дење и ноке, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? |
4. | Се сетив на тоа и ја излив душата своја, зашто ке поминам низ места каде што е чудесната скинија - до Божјиот дом - при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. |
5. | Зошто тагуваш, душо моја, и зошто толку ме вознемируваш? Надевај се на Бога, бидејки јас не Него се надевам, мојот Бог е мое спасение. |
6. | Се возбуди душата моја во мене, поради тоа ке си спомнувам на Тебе до земјата Јорданска, од Ермон и од гората мала. |
7. | Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене. |
8. | Дење Господ ке ја покажува милоста Своја, а јас ноке ке Му пеам и ке Му се молам на Бога на мојот живот. |
9. | Kе му речам на Бога: Ти си мој застапник. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притискува? |
10. | Трошејки ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејки ми секој ден: каде е твојот Бог? |
11. | Зошто тагуваш, душо моја, и зошто ме вознемируваш? Надевај се на Бога, бидејки Него јас пак ке Го прославувам, мојот Бог е моето спасение. |
← Psalms (42/150) → |