← Psalms (41/150) → |
1. | Блажен е оној, што ги прегледува бедните и сиромасите! Во злочест ден Господ ке го избави. |
2. | Господ нека го запази и нека го заштити и ублажи животот негов на земјата; и да не го предаде во рацете на непријателот негов. |
3. | Господ нека му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја изменуваш целата постела негова при болеста негова. |
4. | Реков: "Господи, смилуј се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе." |
5. | Непријателите мои зборуваат лошо за мене: "Кога ке умре, и кога ке загине името негово?" |
6. | И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ке излезе надвор, расправа. |
7. | Сите мои непријатели шепотат ме у себе против мене, помислувајки ми зло: |
8. | "За законопрестапен збор ме набедија; кој еднаш легне веке нема да стане." |
9. | Дури и човекот, кој беше во мир со мене и на кого се надевав, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене. |
10. | А Ти, Господи, помилуј ме, исправи ме, та да им возвратам. |
11. | По тоа ке дознаам, дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене; |
12. | а мене, пак, ме прифати цел поради мојата незлобивост и ме зацрсти пред Себе вечно. |
13. | Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин! |
← Psalms (41/150) → |