← Psalms (40/150) → |
1. | Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене и ја чу молитвата моја, |
2. | и ме изведе од длабината на јадот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои; |
3. | а во устата моја вложи нова песна - похвала на нашиот Бог. Мнозина ке видат, и страв ке ги опфати и ке се надеваат на Господа. |
4. | Блажен е оној човек, чија надеж е името на Господа и не се загледува во ништожни работи и лажни воодушевувања. |
5. | Многу чудесни дела си направил. Господи, Боже мој, и по многуте мисли Твои кој може да се спореди со Тебе! Почнав да ги објавувам и да зборувам со нив, но тие број немаат. |
6. | Жртви и приноси Ти не побара, но телото ни го подготви; сепаленица и жртва за грев Ти не побара. |
7. | Тогаш реков; еве, идам; во книгата за мене е напишано; |
8. | одлучив да ја исполнам вољата Твоја, Боже мој; и Твојот закон е во срцето мое. |
9. | ја објавувам Твојата правда во големото собрание; не и бранев на устата моја; Ти го знаеш тоа, Господи. |
10. | Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив вистината Твоја и спасението Твое; и не је затаив Твојата милост и Твојата вистина од собранието. |
11. | Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата милост и Твојата вистина ме пазеа постојано, |
12. | зашто зла безбројни ме опкружија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, - тие се повеке од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави. |
13. | Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош. |
14. | Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло. |
15. | Веднаш да си го понесат својот срам оние, кои сакајки да ми се наругаат велат: "Добро, добро!" |
16. | Нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те бараат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик - Господ! |
17. | А јас сум сиромав и беден; Господ ке се грижи за мене. Ти си помошник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај. |
← Psalms (40/150) → |