← Psalms (4/150) → |
1. | Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. |
2. | Синовите човечки, до кога ке бидете со тврдо срце; до кога ке сакате суета и ке барате лага? |
3. | Знајте дека Господ го запазил Својот светија; Господ слуша кога викам кон Него. |
4. | Не грешете, гневејки се; размислете во срцета свои и на постелите сви, и смирете се. |
5. | Принесете жртва за правда и надевајте се на Господа. |
6. | Мнозина велат: кој ке ни покаже што е добро? Покажи ни ја светлината на лицето Свое, Господи! |
7. | А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку кога ке се роди во изобилие пченица и вино. |
8. | Затоа мирно легнувам и спијам; оти Ти, Господи, си ми влил надеж да живеам без опсасност. |
← Psalms (4/150) → |