← Psalms (39/150) → |
1. | Си реков: ке пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; се погрижив устата моја да е претпазлива додека е грешникот пред мене. |
2. | Онемев и се смирив, и замолкнав дури и за доброто; и јадот мој се обнови. |
3. | Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган ке се разгори во мислите мои. Проговорив со јазикот свој: |
4. | кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку сум ништожен. |
5. | Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе. И навистина, се е суета, секој човек што живее. |
6. | Навистина, човек оди како сенка и залудно се возбудува; собира богатство, а не знае кому ке му го остави. |
7. | И сега што да очекувам? Зар надежта не е во Тебе, Господи? |
8. | Спаси ме од сите беззаконија; си допуштил да бидам поруга на безумниот. |
9. | Занемев и не ја отворив устата, зашто Ти ме создаде. |
10. | Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака. |
11. | Преку казни заради беззаконија си го воспитал човекот и душата негова си ја расточила како пајажина. И залудно се возбудува секој човек. |
12. | Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен како моите солзи, зашто сум ту во Тебе и придојден, како сите мои татковци. |
13. | Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веке. |
← Psalms (39/150) → |