← Psalms (38/150) → |
1. | Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме, |
2. | зашто стрелите Твое се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене, |
3. | За телото мое нема лек од Твојот гнев; во коските мои нема мир од гревовите мои; |
4. | зашто беззаконијата мои ја навдвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа. |
5. | Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое. |
6. | Настрадав и се стопив сосема, цел ден натажен одам; |
7. | бидејки одвнатре горам од оган, нема лек за телото мое. |
8. | Озлобен сум и прекумерно понизен; рикав поради воздишките на срцето Мое. |
9. | Господи, пред Тебе се сите мои желби, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе. |
10. | Срцето ми се возбуди, и ме напушти силата моја, и светлината на очите мои, - и неа ја нема во мене. |
11. | Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене, |
12. | а оние што ја бараа душата моја, зборуваа лошо и без основа и секој ден кроеја сплетки; |
13. | а јас, пак, како глув не слушав и сум како нем, кој не ја отвора устата своја; |
14. | станав како човек, што не слуша и што во устата своја нема прекор, |
15. | зашто на Тебе, Господи, се надевав; Ти ке ме услишиш, Господи, Боже мој. |
16. | Оти си реков: да не се погордеат над мене моите неприајтели; и кога ми се поколебаа нозете мои, тие изговорија лоши зборови над мене. |
17. | Готов сум да паднам, и јадот мој секогаш е пред мене. |
18. | Беззаконието свое го признавам и ке се смирувам поради гревот мој. |
19. | А непријателите мои живеат и се посилни стануваат од мене, и се намножија оние што неправедно ме мразат, |
20. | па вракајки ми зло за добро, бидејки бев за правда, тие ме отфрлија како мртовец. |
21. | Не оставај ме, Господи, Боже мој, не отстапувај од мене; |
22. | побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој! |
← Psalms (38/150) → |