← Psalms (37/150) → |
1. | Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие, |
2. | зашто тие ке се исушат како трева, и како зелено растение набргу ке свенат. |
3. | Надевај се на Господа и прави добро; живеј на земјата и таа ке те храни изобилно. |
4. | Утешувај се со Господа, и Он ке ти даде срцето срцето твое што ке посака. |
5. | Откриј го патот свој пред Господа и на Него надевај се и Он ке изврши се; |
6. | и ке ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја - како пладне. |
7. | Покори Му се на Господа и моли Го усрдно. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. |
8. | Престани да се гневиш и остави ја јароста, не жести се толку многу - самиот да не правиш зло, |
9. | зашто оние, што вршат зло, ке бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ке ја наследат земјата. |
10. | Уште малку, и грешникот ке го нема; ке го побараш местото негово и нема да го најдеш. |
11. | А кротките ке ја наследат земјата и ке се насладуваат во изобилен мир. |
12. | Грешникот ке демнее на праведниот и ке чкрта со забите против него, |
13. | но Господ ке го измее, зашто однапред гледа, дека му се ближи крајот. |
14. | Грешниците ги вадат мачевите, го оптегнуваат лакот свој, за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние, што се со чисто срце. |
15. | Но мечот нивни нека се забие во нивното срце, и лаковите нивни нека се скршат. |
16. | Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците. |
17. | Зашто мишките на грешниците ке спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува. |
18. | Господ ги знае патиштата на непорочните; и нивното наследство ке биде вечно: |
19. | во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ке бидат сити; |
20. | зашто грешниците ке загинат, и непријателите Господови ке ги снема заедно со нивната слава и величие; ке исчезнат како дим. |
21. | Грешникот зема на заем и не може да врати, а праведникот е милостив и дава, |
22. | зашто оние, кои Господа Го благословуваат, ке ја наследат земјата, а кои Го проколнуваат, ке бидат истребени. |
23. | Господ ги завцрстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта: |
24. | кога треба да падне, нема да се разбие, зашто Господ ке го држи. |
25. | Бев млад, веке остарев, и не видов оставен праведник ниту потомците негови леб да просат; |
26. | тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ке биде благословено. |
27. | клони се од зло и прави добро, па ке живееш вечно; |
28. | зашто Господ ја сака правдата и не ги остава преведниците Свои; нив вечно ке ги чува. А беззакониците ке бидат исфрлени и потомството на безбожниците ке биде истребено. |
29. | Праведниците ке ја наследат земјата и ке живеат на неа вечно. |
30. | Устата на праведникот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда. |
31. | Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат; |
32. | греникот го демне праведикот и бара да го убие; |
33. | но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ке биде суден. |
34. | Надевај се на Господа и пази ги Неговите патишта; Он ке те воздигне, за да ја наследиш земјата; и ке го гледаш истребувањето на грешниците. |
35. | Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедрите ливански. |
36. | Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов. |
37. | Чувај ја незлобивоста и пази ја правдата, зашто наследството на таков човек е мир; |
38. | а безбожниците сите ке бидат истребени, нивното наследство ке се затре. |
39. | Спасението, пак, на праведниците доа а од Господа и Он е нивни заштитник во тешко време; |
40. | и ке им помага Господ и ке ги избави; ке ги одбере од грениците и ке ги запази, зашто на него се надеваат. |
← Psalms (37/150) → |