← Psalms (36/150) → |
1. | Беззаконикот зборува во себеси - дека греши, нема страв Божји пред очите негови, |
2. | зашто тој се залажува себеси, место да го увиди своето беззааконие и да го намрази; |
3. | зборовите на устата негова се неправда и лукавство; тој не сака да се вразуми, и да врши добро; |
4. | на леглото свое си помислува беззконие, поа а на лош пат, од зло не се гнаси. |
5. | Господи, Твојата милост е на небесата, Твојата вистина - до облаците! |
6. | Твојата праведност е како горите Божји, а судовите Твои како голема бездна! И лу е и добиток ке спасиш Ти, Господи! |
7. | О колку обилно си ја пројавил Твојата милост, Боже! Синовите човечки ке се надеваат под Твојата закрила; |
8. | тие ке се наситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ке ги напојуваш; |
9. | зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ке гледаме светлина. |
10. | Покажи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и правдата Своја кон оние со чисто срце; |
11. | да не ме згази ногата горда, и раката на грешникот да не ме поколеба. |
12. | Таму паднаа они, што вршат беззаконие; соборени се и не можат веке да станат. |
← Psalms (36/150) → |