← Psalms (35/150) → |
1. | Пресуди им, Господи, на оние кои ме навредуваат, и собори ги оние што се борат против мене; |
2. | зами оружје и штит и дојди ми на помош; |
3. | извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи и на душата моја: "Јас сум спасение Твое!" |
4. | Да се постидат и засрамат оние што ја бараат душата моја: нека се повратат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло; |
5. | нека бидат како прав пред ветрот, и Ангел Господов да ги прогонува, |
6. | патот нивни нека биде темен и лизгав, и Ангел Господов да ги прогонува, |
7. | бидејки без вина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без вина ја навредија душата моја. |
8. | Нека дојде врз нив замка што не ја знаат и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат. |
9. | А мојата душа ке се радува во Господа, ке се весели поради спасението од Него. |
10. | Сите коски мои ке речат: "Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од грабителите нивни?" |
11. | Се кренаа против мене неправедни сведоци: и за она што не го знам ме сослушуваат; |
12. | ми вракаат зло за добро, и душата моја останува осамена. |
13. | А кога ми додеваа, јас се облекував во кострет, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се вракаше во градите мои. |
14. | Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава; како оној што е загрижен и нажален, така се смирував. |
15. | А тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа; |
16. | ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крцкаа против мене. |
17. | О, Господи, кога ке го погледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните злодела, мојата осамена душа - од тие лавови. |
18. | Kе Те прославувам, Господи, на големо собрание, ме у многуброен народ ке Те восфалувам; |
19. | не допушти да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите. |
20. | Зашто за мир ми зборуваа тие, а во лутината своја смислуваа измами. |
21. | Ги отворија устите свои против мене, велејки: "Добро! Добро! Очите наши видоа." |
22. | Ти виде Госоди, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене! |
23. | Стани, разбуди се поради мојата правда, о Боже мој и Господи мој! |
24. | Пресуди ми според Твојата правда, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене; |
25. | за да не речат во срцето свои: "Добро, добро за душата наша!" и да не кажат: "го проголтавме." |
26. | Нека се постидат и засрамат сите, кои се радуваат на мојата несрека; да се облчат во срам и позор, оние што се гордеат над мене. |
27. | Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што ја сакаат мојата правда, и непрестајно нека велат: да се возвеличи Господ, Кој му пожелува мир на Својот слуга! |
28. | И јазикот мој ке зборува за правдата Твоја и за Твојата похвала секој ден. |
← Psalms (35/150) → |