← Psalms (34/150) → |
1. | Kе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. |
2. | Со Господа ке се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. |
3. | Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. |
4. | Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. |
5. | Пристапете Му и ке се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат. |
6. | Кога несрекниот вика, - Господ го услишува и го спасува од сите негови беди. |
7. | Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. |
8. | Вкусете и ке видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева! |
9. | Бојте се од Господа, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои се плашат од Него. |
10. | Осиромешеа и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ке бидат лишени од секакви добра. |
11. | Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ке ве научам да се боите од Господа. |
12. | Сака ли човек да живее и да види добри денови, |
13. | нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, |
14. | нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. |
15. | Очите на Господа се обрнати кон праведниците, и ушите Негови - кон молитвите нивни. |
16. | Но лицето на Господа и против оние што вршат зло; ке го истреби од земјата споменот за нив. |
17. | Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни. |
18. | Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ке ги спаси. |
19. | Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ке ги избави. |
20. | Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши. |
21. | Зла смрт го снао а грешникот, а оние, што го мразат праведниот, ке загинат. |
22. | Господ ке ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат. |
← Psalms (34/150) → |