← Psalms (33/150) → |
1. | Радувајте се, праведници, во Господа: на праведниците им прилега похвала. |
2. | Славете Го Господа со гусли, пејте Му на псалтир со десет жици, |
3. | пејте Му нова песна; пејте Му силно и со восклик, |
4. | зашто словото на Господа е право, и сите дела Негови се вистински. |
5. | Он сака милостиња и суд преведен; со милоста Господова е исполнета земјата. |
6. | Преку словото на Господа се зацврстија небесата, и преку Духот на устата Негова - сите сили нивни. |
7. | Он ги собира како во мев морските води; бездните ги става во сокровишта. |
8. | Нека се бои од Господа целата земја; нека треперат пред Него сите жители во вселената, |
9. | зашто Он рече и тие настанаа; Он заповеда и се создадоа. |
10. | Господ ги руши помислите на незнабошците, ги спречува намерите нивни и ги сопира помислите на кнезовите. |
11. | А замислата Господова вечно постои; мислите на срцето Негово преминуваат од род во род. |
12. | Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог, и лу ето, кои Он ги избрал за наследството Свое. |
13. | Од небесата погледа Господ, ги виде сите синови човечки; |
14. | од престолот, на кој седи, погледна на сите, кои живеат по земјата: |
15. | Он, Кој на сите ним им ги создал срцата, ги знае сите дела нивни. |
16. | Не го спасува царот голема војска; голема сила ни исполинот нема да го спаси. |
17. | Несигурен е коњот за спасување, со глемата сила своја не може никогаш да се избави. |
18. | Но, ете, очите Господови се врз оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на милоста Негова, |
19. | дека Он ке ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ке ги прехрани. |
20. | Душата наша се надева на Господа: зашто Он е наш помошник и наш заштитник, |
21. | зашто во Него ке се весели срцето наше; оти на името Негово свето се надеваме. |
22. | Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме. |
← Psalms (33/150) → |