← Psalms (32/150) → |
1. | Блажени се оние, чии беззаконија им се простени, и чии гревови се покриени! |
2. | Блажен е оној човек, на кого Господ не му зема за грев, и во чија уста нема лукавство! |
3. | Затоа што замолкнав, се исушија коските мои од секојдневното мое воздишување, |
4. | бидејки и дење и ноке тежеше над мене раката Твоја, копнеев како на летен припек. |
5. | Но јас го познав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: "Kе ги исповедам на Господа моите престапи," и Ти ми го прости гревот мој. |
6. | Затоа секој праведник нека Ти се помоли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне. |
7. | Ти си мое прибежиште од маката со која сум опкружен; радост моја голема, спаси ме од оние кои ме опколија. |
8. | "Kе те вразумам," - вели Бог - "ке ти го покажам патот, по кој да одиш; ке ги управувам очите Мои на тебе." |
9. | "Не бивајте како коњ или како маска, кои немаат разум, чија челуст со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат." |
10. | Многу маки ке го снајдат грешникот, но оној кој се надева на Господа, него милост ке го опкружува. |
11. | Веселете се во Господа и радувајте се, праведници: радувајте се сите кое сте со чисти срца. |
← Psalms (32/150) → |