← Psalms (31/150) → |
1. | На Тебе, Господи, се надевам, за да не се посрамам довека; поради правдата Своја спаси ме и очисти ме. |
2. | Приклони го увото Твое кон мене, побрзај да ме избавиш. Биди ми Бог заштитник и прибежиште, за да се спасам. |
3. | Зашто Ти си крепост моја и прибежиште мое, заради името Твое поведи ме и управувај со мене. |
4. | Изведи ме од оваа стапица, која потајно ми ја поставија, зашто Ти си мој заштитник. |
5. | Во Твоите раце го предавам духот свој; Ти си ме спасувал, Господи, Боже на вистината. |
6. | Не ти се мили оние што пазат суетни работи, но јас се надевав на Господа. |
7. | Kе се радувам и ке се веселам поради Твојата милост, зашто Ти погледна на смиреноста моја и ја спаси од мака душата моја, |
8. | и не ме предаде во рацете не непријателите мои; нозете мои ми ги постави на чистина. |
9. | Помилуј ме, Господи, зашто сум притеснет од скрб: се помрачија во јароста окото мое, душата моја и утробата моја. |
10. | Премале од жал животот мој, и годините мои - од воздишки; изнеможе силата моја, и страв во коските мои ме опфати. |
11. | Пред сите непријатели мои станав за прекор, дури и пред соседите мои, а и плашило за познатите мои; оние што ке ме видат на пат, бегаат од мене. |
12. | Заборавен како мртовец сум во срцата на лу ето; станав како скршен сад, |
13. | биедејки чув дека мнозина околу мене погубно шетаат, и кога ке се соберат заедно, се договораат и душата моја да ми ја одземат. |
14. | Јас, пак, се надевам на Тебе, Господи, и си реков: Ти си мој Бог. |
15. | Дните мои се во Твоите раце; избави ме од рацете на непријателите мои и од гонителите мои. |
16. | Нека засветли лицето Твое над слугата Твој; спаси ме со Твојата милост. |
17. | Господи, не допушти да се посрамам, поради тоа што кон Тебе повикав; нечестивите нека се посрамат и нека замолкнат во пеколот. |
18. | Да онемеат лажливите усти, што говорат лошо против праведникот со гордост и презрение. |
19. | Колку е голема добрината Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои се бојат од Тебе, и што си ја приготвил за оние, кои се надеваат на Тебе пред синовите човечки! |
20. | Kе ги сокриеш под покривот на лицето Свое од човечките возбуди, ке ги заклониш од нападите на јазиците противнички. |
21. | Нека е благословен Господ, зашто ја пројави кон мене Својата чудесна милост во утврдениот град! |
22. | Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но Ти ги услиши гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе. |
23. | Сакајте Го Господа, сите праведници Негови, зашто Господ бара вистина и им отплатува на оние, кои премногу гордо постапуваат. |
24. | Вие сите бидете силни и нека крепне срцето ваше што се надевате на Господа! |
← Psalms (31/150) → |