← Psalms (30/150) → |
1. | Kе Те вознесувам, Господи, затоа што ме прифати и не допушти непријателите мои да се радуваат над мене. |
2. | Господи, Боже мој, повикам кон Тебе, и Ти ме исцели. |
3. | Господи, Ти ја изведе душата моја од пеколот и ме спаси од оние што слегуваат во гроб. |
4. | Пејте Му на Господа, праведници Негови, и исповедајте Го, секавајки се на Неговата светост, |
5. | зашто гневот Му е во јароста Негова, а животот - во милоста Негова: навечер настанува плач, а изутрина голема радост. |
6. | И јас си реков во изобилието мое: "Нема да се поколебам довека." |
7. | Господи, според вољата Твоја подај и на добрината моја сила; но Ти го сокри лицето Свое, и јас се збунив. |
8. | Тогаш кон Тебе, Господи, повикав и не мојот Бог, му се помолив: |
9. | "Каква полза од крвта моја, кога ке слезам во гроб? Kе ја исповеда ли правот, ке ја објави ли тој вистината Твоја?" |
10. | Му услиши Господ, и ме помилува, и Господ стана помошник мој. |
11. | Ти ја претвори тагата моја во радост, го симна од мене костретот и ме препаша со веселба, |
12. | за да Те слави душата моја и да не замолкнам; Господи, Боже мој, вечно ке те славам! |
← Psalms (30/150) → |