← Psalms (3/150) → |
1. | Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене; |
2. | мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. |
3. | Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја. |
4. | Со гласот свој викам кон Господ, и Он ме слуша од Својата Света Гора. |
5. | Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува. |
6. | Не се плашам од многу иљади лу е, што од сите страни навалиле на мене. |
7. | Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците. |
8. | Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој. |
← Psalms (3/150) → |