← Psalms (29/150) → |
1. | Принесете Му на Господа, синови Божји, принесете Му на Господа јаганца, принесете Му на Господа слава и чест, |
2. | принесете Му слава на Господа и на името Негово, поклонете Му се на Господа во Неговиот свет двор. |
3. | Гласот Господов е над водите; Бог на славата загрми, Господ е над многу води. |
4. | Гласот Господов е во силата, гласот Господов е во велелепието. |
5. | Гласот Господов крши кедри; ке ги скрши Господ кедрите ливански, |
6. | и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион - како младо биволче. |
7. | Гласот Господов сече како огнен пламен. |
8. | Гласот Господов ја потресува пустињата; ке ја затресе Господ пустињата Кадес. |
9. | Гласот Господов ги ослободува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова. |
10. | Господ седи на престолот над потопот, и ке седи Господ како цар довека. |
11. | Господ ке му даде сила на Својот народ, Госод со мир ке го благослови народот Свој. |
← Psalms (29/150) → |